Само што најавивме дека како одговор на новите Ryzen чипови на AMD, Intel спрема нова Core i9 серија на моќни процесори, сега и одговор од AMD со нова Ryzen 9 серија, која ќе има многу голем број на јадра, поточно 16 во најмоќниот модел.

Сите процесори од новата Ryzen 9 серија ќе бидат базирани на SM3 сокетот, но во модифицирана верзија. Тие ќе поддржуваат и quad channled DDR4 рам меморијаи 44 PCI-e линии, што ги става рамо до рамо со најдобрите процесори на Intel од Core i9 серијата.

Спецификациите на најмоќниот процесор во понудата Ryzen 9 1998X се како што би се рекло „боли глава“. Тој има 16 јадра (32 виртуелни јадра) кои работат на прилично високи за многујадрен процесор 3,5 GHz, со краток “boost” на 3,9 GHz по потреба.

Споредено со Core i9 моделот на Intel, Ryzen 9 има четири јадра повеќе и повисок работен такт – 3,5 GHz во однос на 3,3 GHz, иако Core i9 има повисока “boost” брзина од 4,3 GHz. Исто така, Ryzen 9 бара 155 вати енергија, додека Core i9 бара 140 вати.

Ryzen 9 1977X и Ryzen 9 1977 ќе бидат малку послаби процесори и ќе имаат 14 јадра (28 виртуелни), кои ќе работат на 3,5 односно 3,2 GHz, а во “boost” на 4,1 односно 3,7 GHz, а ќе трошат 155 односно 140 вати. Core i9 процесорот кој ќе биде конкурент на овие малку послаби единици пак ќе има 10 јадра кои работат на 3,3 GHz, односно 4,5 GHz при “boost”.

Серијата на новите Ryzen 9 процесори е заокружена со уште три модели со по 12 јадра, кои имаат брзини од 3 до 3,6 GHz, односно 3,7 GHz до 4,1 GHz при “boost”, како и два модели со по 10 јадра, кои ќе имаат работен такт од 3,1 и 3,6 GHz, односно 3,7 и 4 GHz при “boost”.

Сите овие нови процесори на AMD само ја разгоруваат битката во секторот на десктоп чипови. Информациите кои се напишани погоре се протечени, но самото тоа што се многу детални најавува дека се и вистински. Цената се уште не ни е позната, но според досегашното искуство, очекувајте Ryzen 9 процесор да биде малку поевтин од Core i9 еквивалентен процесор.

Извор: TechRadar, Game Spot, BGR

Претходна статијаПуштено, па повлечено видео со нови Nokia смартфони
Следна статијаПротекоа рендери кои според Engadget се мошне блиски до финалниот iPhone 8?