Acer можеби не е првото име кое паѓа на памет кога студентите и учениците размислуваат за нов лаптоп или пак хибриден модел (таблет/лаптоп) со Windows 10, но Switch серијата на овој производител веќе неколку години нуди одличен спој на перформанси, квалитет и цена. Сега, тие лансираат нови модели, кои се насочени пред сѐ кон студентите и учениците.

Носител на новата линија е Switch 5, модел кој е совевидна копија на Surface Pro 4. Како и конкурентот на Microsoft и овој има дисплеј со големина од 12 инчи и солидна резолуција од 2160х1440 пиксели и поддршка за дигитално пенкалце. Во внатрешноста, тој ќе биде опремен со Core i5 и Core i7 процесори, кои се ладени со новиот пасивен Liquid Loop систем на Acer. И покрај тоа што овој систем е целосно тивок, според Acer тој овозможува квалитетно ладење на компонентите.

Покрај Switch 5, Acer го претстави Switch 3, кој е делумно послаба верзија со 12,2 инчен дисплеј со Full HD резолуција, но и тој има поддршка за дигитално пенкалце и дополнителен држач на кој може да се потпре. Овој модел е сепак опремен со послабите Pentium и Celeron процесори на Intel, а нема ниту Liquid Loop систем, што значи дека ќе биде и побучен. И двата модели ќе бидат опремени со дополнителни тастатури уште во пакувањето, што цените од 1.099 евра за Switch 5 и 499 евра за Switch 3 ги прави прилично исплатливи.

Покрај хибридните модели, Acer претстави и тенки „ултрабук“ лаптопи од Switch линијата, кои имаат тенки алуминиумски тела во неколку различни бои, скенер за отпечатоци на прстите и солидна Full HD резолуција на екраните, кои доаѓаат во големини од 13, 14 и 15 инчи.

Извор: Engadget, The Verge, CNET

Претходна статијаTwitter ќе емитува видео содржини 24/7
Следна статијаAMD Vega ќе биде претставена во наредните два месеци