Coravin_Lifestyle_Shot_-_Enjoy_the_wine_you_desire[1]

Можеби не толку карактеристично за нашите простори, меѓутоа отворањето на шише вино, не секогаш мора да значи дека истото ќе биде испиено веднаш или истиот ден. Има одредени ситуации кога се сипува една чаша, па тапата од виното се затвора најдобро што може и се остава за понатамошна консумација.

Ваквиот начин на пиење на шише вино претставува проблем, посебно ако се работи за некое поквалитетно и поскапо вино. Отворањето на тапата внесува воздух во шишето со неможноста да се затвори истото после првото отворање, па започнува процесот на оксидација и губење на мирисот и вкусот на виното.

Coravin е уред кој што овозможува да сипете една или се разбира повеќе чаши вино без потреба од отворање на тапата. Уредот тоа го прави преку мала игла со дебелина од 2 милиметри која што се внесува преку тапата. За вадење на виното се користи притисок кој што се креира преку внесување на гасот аргон кој што треба да е прилично сигурен и неотровен. Тоа е единствениот дел од уредот кој што бара промена, односно гасот се чува во посебни променливи капсули.

Coravin_Capsule[1]

Уредот е направен да многу едноставно и лесно може да се користи. После вадењето на иглата сепак останува простор за влегување на воздух повеќе отколку што тоа е случајот со неотвореното вино, меѓутоа сепак ќе ви овозможи задржување на вкусто виното многу повеќе од затворање на веќе отворената тапа.

Овој уред е наменет за љубителите на вино кои што пијат по мала количина од задоволство, па отворањето на шишето веќе не мора да значи дека само првата чаша ќе биде како што треба. Исто така, како што истакнуваат од компанијата, Coravin може да биде одличен за ресторани кои што сакаат да нудат вино по чаша, па на овој начин тоа можат да го направат без губење на квалитетот на виното, како и да понудат и подобри вина.

Претходна статија„Помалку Гугл, молам.“ – ЕУ, 2014
Следна статијаNokia Lumia 930: Отпакување и први импресии
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.