20150125140004-2015-01-15_163804

Bluewire е hands-free слушалка за мобилните телефони која што е наменета за многу повеќе од само правење на телефонски разговори. Главната намена е снимање на разговорите кое што може да биде направено како за обични мобилни, така и за VoIP разговорите преку сервисите како Skype, Viber и слични.

Моментално претставени на Indiegogo, платформа за групно собирање на средства, Bluewire може да се нарача по цена од 150 долари, па нагоре, зависно од периодот на нарачка и количината. За успешно завршување на финансирањето и почеток на производство потребни се 40.000 долари кои што се веќе надминати на 28 дена до истекот на рокот.

Во основа Bluewire се наменети за корисниците кои што имаат реална потреба од снимање на разговорите, како што се адвокатите, бизнисмените, новинарите и слични. Слушалката се поврзува со мобилните телефони, по што автоматски ги снима двете страни во сите разговори. Во самите слушалки е вградена меморија за складирање со капацитет од 16GB, па сите разговори се зачувани на неа.

img-07

За iOS и Android платформите достапна е мобилна апликација која што може да се користи за синхронизирање на снимените разговори и нивно споделување.

Интересно, покрај можноста за снимање, Bluewire вклучува уште неколку нестандардни функции за разлика од повеќето други hands-free слушалки. Bluewire може да се користи како воки-токи за разговарање помеѓу слушалката и мобилните телефон.

Исто така, мобилниот телефон може да биде пронајден доколку корисникот не се сеќава каде го има оставено преку кратко затресување на слушалката. Истото функционира и во обратен правец преку мобилната апликација.

20150120182238-bluewire-icon_v3

Слушалката исто така може да биде поставена на одредена локација, како што е влезната врата на пример, па да се користи како аларм за ограбувачи. Секое придвижување на слушалката, кое што се детектира преку вградениот акцелерометар, вклучува аларм на мобилниот кога системот е вклучен.

Покрај сите овие работи, слушалката вклучува и батериска ламба која што корисниците можат да ја користат наместо нивните мобилни телефони и слично. Полнењето на слушалката се прави преку безжичен полнач кој работи на Qi стандардот.

Извор: Indiegogo, Engadget

Претходна статијаOneDrive со нови промени кои што треба да го направат централно место за вашите слики
Следна статијаMicrosoft го прекинува производството на Surface 2 и со тоа го завршува развојот на Windows 8 RT
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.