bitdefender_box-100532632-large

За компанијата Bitdefender која продава свој антивирус претпоставувам дека веќе сите знаеме. Оваа компанија продава и разни други безбедносни решенија за бизниси, домашни корисници и големи други корисници, но тоа е во главно на софтверската страна од паричката. Сега од  Bitdefender се ангажираат да помогнат и околу хардверската страна и затоа го претставија BOX.

BOX е машина која во исто време е рутер, огнен ѕид (firewall) и откривач на обиди за компромитација на безбедноста. Практично, овој уред може да се смести било каде во мрежниот синџир – пред рутерот, после него или директно пред некој посебен уред и да пружи поголема безбедност за таа точка на синџирот.  BOX во себе има 400 МХц МИПС процесор, 16 МБ флеш меморија, 64 МБ РАМ меморија, две 10/100 ентернет порти и безжичен чип кој е компатибилен со 802.11 б/г/н стандардот и подржува брзини до 150 Мбпс. Самиот уред нема влијание врз брзината на сообраќајот бидејќи не врши длабока инспекција врз пакетите туку се фокусира на клучните карактеристики кои карактеризираат одреден упад во мрежата. Ова се изведува преку негова комуникација со мрежата на Bitdefender која е сместена во нивниот облак.

Ваквата комуникација со серверите на Bitdefender се наплаќа, за жал, но овозможува постојано освежување на дефинициите за борба против разни мрежни напасти и користење на уредот подолго време. Задоволството да се има ова ниво на заштита ќе чини 199 долари при купување (што вклучува едногодишна претплата на облачната заштита од Bitdefender), а потоа заштитата ќе чини 99 долари годишно.

Од Bitdefender ќе дадат и алатки за разните оперативни системи кои ќе имаат улога скоро како антивирус и огнен ѕид и ќе овозможат да се најдат сигурносните дупки во системите како и да се анализираат сите програми кои се вклучени за потенцијални опасности. Во исто време, самата употреба на ваквите алатки, па и на BOX е многу едноставна бидејќи се има предвид дека треба да ја прифатат многу домашни корисници кои немаат напредно техничко знаење за конфигурирање рутери, префрлачи и останати заштити на своите мрежи.

Извор: PCWorld

Претходна статијаЗа сите спанковци спасот доаѓа од новата компанија Hush
Следна статијаDropbox апликациите ја добија најавената Microsoft Office интеграција