smart-tv

LG за прв пат ја воспостави платформата за рекламирање во 2012 година (LG Smart AD) за да допре до одредена публика по старост и по пол со собирање информации од гледачот за да ги информира маркетинг агенциите, што до ден денес не се знаеше точно кои телевизори го прават тоа. Ако поседувате нов LG телевизор, LG веќе знае кои филмови, реклами, програми, емисии ги гледате, кога го менувате каналот и што пребарувате на интернет пребарувачот.

Што значи додека вие гледате телевизија, телевизорот ќе ве гледа  вас.

LG се обидува да го направи истото што го прави секој Spyware софтвер на PC, Facebook, Google или Microsoft со камерата на Xbox One.  Сите тие информации се испраќаат до LG серверите заедно со уникатниот сериски број од секој телевизор. Секој со поголемо познавање може да ги пречека тие информации со лаптоп во вашето маало. Најстрашното нешто е дека USB мемориите или надворешните хард-дискови кои ги користите што имаат некаква содржина ќе бидат автоматски прочитани и испратени до серверите на LG. Дури и да ја исклучите Data Collection опцијата телевизорот ќе продолжи да испраќа информации.

watching-info

BBC News почна да истражува за овој проблем откога 45 годишниот IT консултант Jason Huntley од Британија објасни детално во својот блог како LG ја надгледува секоја содржина што ја има пуштено на телевизорот. Вели дека покрај тоа што ја исклучил опцијата да се собираат информации, телевизорот продолжил да испраќа информации и дека LG серверот потврдува за секоја информација што ја има примено, бидејќи информациите не се шифрирани.

BBC News изјавува дека LG потврдиле дека таков проблем постои кога корисниците сакаат да ја исклучат опцијата и ќе ја поправат грешката со нов firmware. LG за поплаката на Jason Huntley му пратиле извинување по е-пошта и го информирале дека не е нивна грешка, туку купувачите требало да бидат известени за собирањето информации од страна на продавачите. Штом продавницата ги нема објаснето условите за користење (terms and conditions) проблемот треба да си го реши со нив. Jason Huntley е изненаден што неговиот блог успеал  да создаде толкава реакција кај читателите, а од друга страна, вели ова докажува дека проблемот со приватноста насекаде е проблем бидејќи технологијата веќе е дел од нашето секојдневие.

Тука можете да го видите уникатниот сериски број од  телевизорот и името на каналот што се гледа “BBC NEWS”
Тука можете да го видите уникатниот сериски број од телевизорот и името на каналот што се гледа “BBC NEWS”

На ваквата вест и Samsung Electronics се огласи и огради дека како едни од поголемите производители на телевизори не прават таква глупост како LG да читаат информации од надворешни мемории за да ги информира маркетинг агенции.

Што доведува до прашањето, дали Samsung ги следи програмите што ги гледаме ?

Претходна статијаFacebook за Windows 8.1 надградена со повеќе функции
Следна статијаДенеска е Black Friday познат ден на попусти во Америка