Свесни сме дека живееме во време во кое секојдневно се појавуваат нови иновации кои можат да ни го олеснат стандардниот начин на живот. Празнењето и истрошувањето на батеријата на преносните уреди е стандарден иритирачки проблем кој во брзо време може да исчезне со најновиот преносен полнач BatteryBox. Оваа преносна батерија има можност да наполни 8 мобилни уреди или да му овозможи на вашиот лап топ да работи до 12 часа и тоа замислете, после 5 години на негова употреба.

baterybox-1

BatteryBox не е обична батерија, таа користи нов систем наречен BatteryOS кој претставува нов начин на контролирање на литиум јонските батерии. На овој начин се овозможува батеријата да зачува 96% од почетниот капацитет и да не се деградира со текот на времето.

baterybox-2

Овој систем следи што се случува внатре во литиум јонските батерии и ја оптимизира моќноста за да се спречи деградирање на батеријата, односно го минимизира бројот на циклуси и стрес на внатрешната веќе постоечка литиум јонска батерија.

Литиум јонските батерии се полнат и празнат преку константен прилив на енергија, најчесто без да се посвети никакво внимание на внатрешните и надворешните околности. Поради ова батериите многу кратко траат и лесно се истрошуваат, што и не е случај за овој нов систем.

BatteryOS е дизајниран динамички да управува со енергијата во внатрешноста на литиум јонската батерија за време на полнењето/празнењето на батеријата. Овој метод со зголемена контрола овозможува стандардите батерии да стекнат способност да зачувуваат од 10 до 40 % повеќе капацитет ( варира помегу специфични видови на литиум јонски батерии), да имаат 4 пати поголем циклус на работење и да не се истрошуваат брзо како што е најчест случај и тоа после 5 години користење.

Од компанијата производител на овој изум се надеваат дека со помош на други компании BatteryBox  ќе се надоградува и во иднина ќе може да се имплементира и кај електричните автомобили. Цената за оваа почетна верзија е околу 139 долари, и ќе биде достапна за продажба на есен, оваа година.

http://www.youtube.com/watch?v=9On3JrmyQ5U

[related_posts_by_tax title=”Можеби ќе ви се допаднат и следните статии”]

Претходна статијаWatson – суперкомпјутер кој ќе помага во откривање и лечење на рак на мозокот
Следна статијаBrix Pro – моќен компјутер кој го собира во вашиот џеб