Ја разгледувате ‘Десктоп и лаптоп’ категоријата

Microsoft, а особено Surface тимот, се одлични во криењето на информации за нови производи. Така, за скоро сите Surface производи досега, јавноста немаше претстава какви ќе бидат и какви можности ќе имаат. За Surface Pro 5 сепак барем може да претпоставиме, бидејќи ќе биде еволуција на дизајнот на Surface Pro 4. Информациите...

Најмоќните Intel Core i7 процесори со осум јадра денес чинат околу 1.000 евра, што е прилично голема сума само за процесор. Отсега, сите гејмери, но и оние кои бараат максимум брзина од својот компјутер, можат да ги добијат истите перформанси со новите AMD Ryzen чипови, кои ќе чинат два пати помалку! Ова е значаен...

Lenovo Yoga Book беше лансиран на крајод од минатата година и беше обид на производителот да се дистанцира од останатите производители на хардвер. „2 во 1“ таблет/лаптоп компјутерот има интересна виртуелна тастатура, која може да се изгаси за просторот да се користи за цртање/пишување со дигитално пенкалце....

Заоблените телевизори беа во мода до пред неколку години, но таа технологија сега е присутна само кај компјутерските монитори. Причината за тоа е секако што на таков телевизор само гледачот во центарот би ја гледал перфектната слика. Но, што ако има таблет/лаптоп, односно „2 во 1” уред со заоблен...

После информацијата дека Windows 10 ќе биде достапен за компјутерите со ARM чипови, еве уште еден удар за x86 процесорите на Intel и AMD. Имено, според некои информации, Apple спрема ARM чипови за своите MacBook лаптопи, што и не е толку тешко за верување, бидејќи истите такви чипови кои се наоѓаат во нивните iPhone и iPad...

AMD годинава се чини повторно ќе биде достоен конкурент на Intel кога се во прашање десктоп процесорите, нешто на кое чекавме скоро една деценија. Новите Ryzen чипови ќе пристигнат веќе во март, па сите вие кои планирате да составувате моќна десктоп машина за гејминг, препорачувам да почекате и да видите...

Учениците и студентите отсекогаш биле најиновативни во измислувањето нови начини да препишуваат на тестовите и испитите. Најновиот и веројатно најинтересен е преку Touch Bar лентата на MacBook Pro, која може да прикажува најразлични информаци, меѓу кои и текст. Имено, во Северна Каролина на “Board of Law Examiners”,...

Без разлика дали имате на пример MacBook Air на кој што работите канцелариска работа, гледате филмови и слушате музика, или пак имате MacBook Pro 15” со ретина дисплеј на кој што едитирате видео записи, програмирате или пак креирате музика, скоро секој корисник на Apple компјутер се смета себеси за напреден корисник...

Google конечно целосно го испорачува она што го вети пред половина година – Android апликации за лаптопите со Chrome OS оперативен систем. Со овој потег софтверскиот гигант ги направи овие лаптопи многу поинтересни за пошироката публика, бидејќи реално единствено што им недостасуваше, покрај подобра поддршка...

Microsoft Surface Studio беше веројатно најинтересниот десктоп компјутер претставен минатата година, очигледно повлекувајќи многу други слични производи. Еден од хардвер партнерите на Microsoft, Dell, лансира нов монитор кој може да биде целосно легнат на масата, за да се користи како површина за цртање. Како и...

Паметните уреди во нашите домови стануваат сѐ поспособни, но сѐ уште не можат да направат многу работи што можат да ги направат нашите Windows компјутери. За “power user” корисниците, кои сакаат да можат да направат се на својот телевизор на пример, тука е моќната Intel Compute Card, компјутер кој има големина на...

Гејмерите веројатно никогаш нема да бидат задоволни од бројот на слики во секунда со кои може да „вози“ играта на нивниот компјутер, но во последно време и со големината, односно бројот на дисплеите. Razer, како еден од најпознатите производители на гејмерски компоненти и компјутери многу добро го...