ubuntu-logo-2

Со оглед на фактот дека сме октомври месец, значи дека може да ја очекуваме најновата верзија од познатиот Ubuntu оперативен систем. На ред е верзијата 16.10 и истата е достапна за надградба или симнување од страна на корисниците.

16.10 е првата верзија која доаѓа по последната LTS верзија. Тоа значи дека претходната, 16.04 е верзија на која се препорачува да останат повеќето корисници, а посебно ако се работи за бизнис корисници или такви чија работа зависи од компјутерот на којшто е инсталирана оваа верзија.

За потсетување, LTS верзиите имаат поддршка од 5 години, па корисниците кои бараат стабилност и редовни надградби најчесто се одлучуваат за оваа верзија.

Ubuntu 16.10 не претставува голема и значајна надградба, барем кога се работи за нови функции кои ќе донесат значителни промени во системот. Оваа верзија, како и обично, е насочена кон подобрување на стабилноста на работата на оперативниот систем, нови верзии од одредени апликации и слично.

Она што се истакнува во 16.10 е достапноста на preview верзија од Unity 8 десктоп околината која на корисниците ќе им овозможи да видат како понатаму ќе изгледа и работи Ubuntu оперативниот систем. Карактеристично за осмата верзија од Unity е што таа се користи на мобилните и таблет уреди, односно ова е верзијата која ќе го донесе најдобро од Convergence функцијата која овозможува исто корисничко искуство без разлика на уредот.

Ubuntu 16.10 исто така доаѓа со понова верзија од Unity 7 која донесува одредени подобрувања во работата, како и корисничкиот интерфејс, понова 4.8 верзија од Linux кернелот, нова позадина и слично.

Ubuntu 16.10 можете да го надградите преку самиот систем или да го симнете преку официјалната страна на Canonical преку следниот линк.

Извор: OMGUbuntu, Liliputing

Претходна статијаНаредната поголема надградба на Windows 10 може да се очекува во март идната година?
Следна статијаSamsung Chromebook Pro е лаптоп со Chrome OS, екран на допир и дигитално пенкалце
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.