ubuntu-takeover-image

Од денеска достапна за симнување е новата верзија од еден од најпознатите оперативни системи, Ubuntu. Како што е обично начинот на пуштање на надградби, октомври е месецот кога се пушта .10 верзијата од оперативниот систем, па соодветно најновата верзија е Ubuntu 15.10, а го носи името Wily Werewolf.

Ubuntu 15.10 можете да го инсталирате преку директна надградба доколку веќе го користите овој оперативен систем или можете и да го симнете преку следниот линк.

Новостите кои што се дел од оваа верзија од оперативниот систем не се нешто посебно значајни, барем не од аспект на нови функции. Тука посебно мислиме на Unity 8 околината која што треба да ја донесе Convergence функцијата која што овозможува користење на оперативниот систем и апликациите на повеќе уреди, односно како што Microsoft неодамна тоа го овозможи во Windows 10 со Continuum функцијата.

Ова значи дека Ubuntu 15.10 во главно ги донесува стандардните подобрувања во стабилноста и перформансите, како и нови верзии од апликациите кои што доаѓаат пред инсталирани со системот.

Главната новина која што сепак се истакнува е промената на лизгачите на прозорите (window scrollbars) кои што се користат. Тие сега се по стандардни, односно изгледаат како што е случајот кај повеќето други оперативни системи. Досега овие лизгачи се појавуваат со поминување на курсорот на крајот од прозорот, а беа мали и незгодни за погодување и користење.

Листата на новини вклучува и нова верзија од Unity (7.3.3), Linux Kernel 4.2, LibreOffice 5.1, нови десктоп позадини и повеќе. Целосната листа на новости можете да ја погледнете на следниот линк.

Ubuntu-Converged-Devices-Representation

Една од главните функции која што се очекува од Ubuntu е воведувањето на Convergence. Со развојот на технологијата, мобилните уреди ќе добиваат се повеќе моќ, а тоа ќе им овозможи и користење за посериозни работи, односно ќе може да се користат и како целосни компјутери. Еден од главните показатели за тоа дека работите ќе се движат во тој правец е и Microsoft кој што ја воведе оваа функција на нивниот оперативен систем, пред Ubuntu кои што се веруваше дека ќе бидат први.

Сепак оваа функција е одложена за идната година, па се надеваме дека нема повторно да се случи истото наредниот пат.

Извор: OMGUbuntu, PCWorld

Претходна статијаБидете брилијантни со новиот HTC ONE
Следна статијаGarmin има нови паметни часовници наменети за фитнес зависниците
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.