Од Samsung се очекува да го презентира новото продолжение од S-серијата со број 9, а гласините веќе велат дека што се однесува до изгледот уредот ќе ја следи шемата на неговите претходници со минимални измени. Измените веројатно ќе се однесуваат на елиминирање на рамката, тренд кој го следат речиси сите телефони од последната генерација. Па така, од предната страна на уредот, единствено ќе биде оставен мал простор кој ќе ги вдомува неопходните сензори.

 

Некои гласини отвораат простор за така наречениот модуларен изглед и функционалност на телефонот, нешто што е одамна разгледувано од речиси сите поголеми компании, меѓутоа никогаш не наиде на особен интерес. Имено, доколку ваквите гласини се потврдат како точни, уредот ќе биде опремен со магнети на кои би можеле да се додаваат модулите според потребата на корисникот.

 

Што се однесува до процесорот, односно бојното поле каде Apple доминира, новата 9-ка на Samsung ќе биде опремена со 7 нанометарски процесор од типот Snapdragon 845 SoC, од кој се очекува, барем да парира (ако веќе не може да го победи) на А11 Bionic чипот на Apple.

Со цел да држи чекор со стандардите кои Apple ги постави, новиот модел ќе поседува двојна камера, опција за визуелно препознавање, безжично полнење, брзина на пренос на податоци од 1,2 Gbps и сл.

Една од најочекуваните промени која наводно ќе биде имплементирана во S9ката е сензорот за отисоци на прсти, во предниот дел, односно под екранот.

Извор: Inquisitr, Tom’sGuide

Претходна статијаVIVAX PRO 1: Екстремно издржлива алатка за непокорливите
Следна статијаИнтервју со Андрес Гранберг, Директор на Шведската агенција Нод Пол пристигнува во Ровињ