galaxy_k_hero-image

Samsung Galaxy K zoom е дел од хибридните уреди од овој производител направени како комбинација помеѓу паметен телефон и дигитална камера. Наследник на минатогодишниот Galaxy S4 zoom, како и претходниот Galaxy Camera, моделот K оди чекор понапред во усовршување на овој концепт. Па така, Galaxy K е направен да наликува многу повеќе на телефон, кој што може да биде претворен во одлична дигитална камера, намалувајќи ги неговите димензии и најважното, нивото до кое што се истакнати леќите на задната страна. Она што е карактеристично за овие модели од Samsung е можноста за оптичко зумирање на сликата до 10x, нормално овозможено пореди големите леќи кои што се истакнуваат за време на користењето на камерата.

galaxy_k_02_b

Она што веднаш може да се забележи е дека Galaxy K е направен во стилот на новиот S5 модел, односно користен е истиот материјал на неговата задна страна. Исто така, за разлика од претходниот модели, користена е нова технологија која што ги собира леќите кога не ја користите камерата, а делот кој што останува е значително помал. Тргнат е и делот кој што е карактеристичен за дигиталните камери, односно делот наменет за поставување на раката и постабилно сликање, со што задната површина е многу потенка и рамна.

galaxy_k_02_d

galaxy_k_02_c

Од аспект на карактеристиките, Galaxy K zoom доаѓа со 20,7 мегапиксели на неговата главна камера со 10x оптички зум, која што исто така има можност за снимање на Full HD видеа со 60fps. Предната камера која што е наменета за видео разговори е со 2 мегапиксели. Телефонот работи на најновата верзија од Android оперативниот систем, 4.4 KitKat. Вклучува шесто јадрен чип поделен на 1,3 GHz четири јадрен процесор и 1,7 GHz двојадрен процесор, со 2GB на RAM меморија и само 8GB на внатрешна меморија за складирање на податоци, но со можност за нејзино проширување преку microSD картица. Екранот е 4,8 инчен со резолуција од 1280 x 720, што е помала од трендот на новите мобилни од оваа година.

Претходна статијаИнтересен концепт за редизајн на главната страна на Google
Следна статијаXerox сместен во квадрантот на визионерите од волшебниот квадрант на Гартнер за 2013 година во подрачјето на управување со деловни содржини
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.