samsung-galaxy-gear

Кога Samsung го претстави својот прв паметен часовник, Galaxy Gear, тој дојде со прилагодена верзија од Android оперативниот систем. Тогаш Google се’ уште ја немаше претставено прилагодената верзија од овој оперативен систем наменета за паметните часовници, Android Wear, па Samsung направи своја верзија. Оваа година кога од Samsung ги претставија часовниците од новата генерација, тие наместо на Android испадна дека ќе работат на Tizen оперативниот систем развиван од страна на Samsung во соработка со Intel, како и други компании. Ова до некаде дојде како изненадување зошто во периодот се шпекулираше за можноста за претставување на мобилен телефон со овој оперативен систем, меѓутоа никој не ги спомна паметните часовници. Исто така овој потег беше чуден поради големата соработка помеѓу Samsung и Google, па не беше јасно како од Google ќе реагираат на тоа.

Почнувајќи од оваа недела корисниците на постариот Galaxy Gear ќе може да инсталираат надградба која што не го надградува Android оперативниот систем, туку целосно го заменува со Tizen. Со тоа корисниците ќе добијат некои од можностите, кои што се поголеми, достапни на новите часовници, но се разбира не тие кои што зависат од новиот хардвер и сензори. Подобрувањата кои што корисниците треба да ги добијат со Tizen оперативниот систем, односно неговата 2.2.0 верзија вклучуваат подобрување на перформансите, подобрување на траењето на батеријата, посебен музички player, прилагодливи кратенки, гласовни команди за камерата и повеќе.

Корисниците не би требало да забележат големи промени, што се однесува до корисничкиот интерфејс, односно надградбата и промената се направени да бидат заднински. Надградбата се’ уште не е пуштена автоматски за сите корисници, односно истата ќе треба да ја направите преку Kies софтверот или преку мануелно симнување на firmwear преку следниот линк. Надградбата ги брише сите фајлови и прилагодувања, па така препорачливо е да зачувате се што сметате дека ви е важно. За жал немаме Galaxy Gear часовник, па не сме во можност да провериме кој е моделот кој што се продава во Македонија и дали надградбата е достапна за нашите корисници, но кога ќе ја имаме информацијата ќе ја ажурираме оваа статија.

Во продолжение можете да погледнете видео на кое што е претставен Galaxy Gear часовникот со надградбата на Tizen оперативниот систем.

Извор: SamMobile, Engadget

Претходна статијаЕмулирајте Android на вашиот десктоп компјутер со Аndy
Следна статијаiOS 8 концептот Block вклучува еден вид виџети на главниот екран
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.