DSC_7119

На настан кој се одржа денес во Берлин, на кој присуствуваме лично, Samsung ја претстави третата генерација од својот паметен часовник, Galaxy Gear 3.

По официјалната презентација, сите присутни имаа шанса да го пробаат новиот часовник и да се уверат во неговите способности, но и одблиску да го видат дизајнот.

Она што веднаш остава добар впечаток кај овој часовник, а тоа беше случајот и со претходните генерации, е кружниот дизајн кој овозможува тој да изгледа како и секој друг обичен часовник. Тоа корисниците покажаа дека им се допаѓа повеќе од првите верзии од паметните часовници кои во главно беа квадратни.

Samsung Galaxy Gear 3 е поголем од неговиот претходник, односно вклучува 1,3 инчен екран, а целото тело е со 46 милиметри дебелина. Тоа значи дека овој часовник иако е направен да наликува на обичен, тој сепак нема лесно да се вклопи на раката на корисникот.

Сепак, за перформансите коипто ги нуди, тоа е и очекувано, а веруваме дека на корисниците тоа им е јасно.

Нешто што можеби е најважно за оваа генерација е тврдењето на Samsung дека часовникот ќе работи до 3 дена без потреба за полнење на батеријата, што е голем напредок. Една од најголемите маани на паметните часовници е тоа што тие мора да се полнат секој ден, па корисниците добиваат уште еден уред кој треба да го мислат дали е испразнет.

Повеќе информации и детали околу часовникот ќе можете да прочитате во посебна статија која ќе ја објавиме утре.

DSC_7185 DSC_7197 DSC_7192

Претходна статијаIntel ги претстави новите Kaby Lake процесори, ќе бидат оптимизирани за 4K видео
Следна статијаGorilla Glass SR+ е ново стакло на Corning, специјално дизајнирано за паметните часовници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.