windows-phone-files

На почетокот од овој месец Joe Belfiore најави дека File Manager за најновата верзија од нивниот оперативен систем која што се’ уште не е официјално достапна, Windows Phone 8.1, е во изработка и ќе биде достапен за корисниците до крајот на месецот. Ветувањето е одржано и апликацијата е достапна за симнување. Истата е наречена Files и е направена во очекуваниот минималистички „модерен“, односно „метро“ стил.

Files ги вклучува можностите кои што би се очекувале од една ваква апликација, па така преку неа можете да пристапите до вашите фајлови на вашиот телефон, како и на вашата SD картица, доколку ја имате. Покрај овие функции, со Files ќе можете да ги направите и следните работи:

  • Прегледување, пребарување и отворање на фајлови
  • Лесно споделување на еден или повеќе фајлови
  • Креирање на папки за подобро организирање на вашите фајлови
  • Копирање, преместување, преименување и бришење на фајлови

Кога ќе ја отворите апликацијата на главниот екран избирате во која меморија сакате да влезете, односно во телефонот или SD картицата, се разбира доколку ја имате и вашиот телефон ја поддржува. Во овој дел покрај изборот на меморијата, прикажана е и нејзината зафатеност, односно колку од меморијата е искористена и колку останува слободна, па секогаш ќе имате претстава дали ќе треба да избришете нешто.

Кога ќе ја изберете меморијата, можете да ги прегледувате папките Documents, Downloads, Music, Pictures, Videos, како и било кои други папки креирани од други апликации или папки кои што вие самите ќе ги креирате. Прегледувањето на фајловите, односно работата со апликацијата е едноставно и истата работи брзо и без проблеми.

Files, како што беше најавено е официјална апликација, односно направена е од страна на Microsoft. Достапна е за корисниците на Windows Phone 8.1 во продавницата за апликации и можете да ја симнете преку следниот линк.

files-wp-qr

Извор: Windows Phone Blog Преку: WPCentral

Претходна статијаНеочекувано затворање на TrueCrypt сервисот, се’ уште нема официјално објаснување
Следна статијаSkylens: уред кој на пилотите им овозможува подобра видливост
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.