twitter-headquarters

Во текот на вчерашниот ден директорот на Twitter Џек Дорси ги потврди претходно излезените шпекулации дека во врвот на компанијата се случува поголемо реструктуирање.

Поточно, пет директори во компанијата, досега на клучни позиции, ги напуштаат своите позиции, а со тоа и компанијата.

Петте директор коишто го напуштаат Twitter се следните:

  • Кевин Вејл (главен за производи)
  • Кејти Џејкобс Стентон (главна за медија)
  • Алекс Ротер (главен инженер)
  • Скип Шипер (главен на човечки ресурси)
  • Џејсон Тоф (главен на Vine сервисот)

Според информациите, дел од овие личности си имаат отидено на своја иницијатива, меѓутоа за дел се верува дека било побарано од нив да ги напуштат позициите.

Џејсон Тоф преминува во Google за каде што најавува дека ќе работи во тимот за развој на виртуелна реалност.

Овие промени во Twitter сигурно привлекуваат внимание, а посебно поради тоа што социјалната мрежа има проблеми да ја задржи својата позиција. Иако Twitter е една од најмногу користените мрежи, сепак може да се види трендот на привлекување на корисници од страна на Facebook, а посебно во делови досега ексклузивни за Twitter.

Според некои од странските портали коишто ги следат случувањата поблиску, ова претставува почеток на напуштањето на Twitter. ArsTechnica ја пренесува оваа новост со наслов „Twitter exodus begins as five top executives depart overnight“.

Не би можеле да кажеме во оваа фаза во кој правец ќе продолжи да се движи компанијата и дали новопоставените луѓе ќе успеат да ја вратат на патот на успехот, но дефинитивно ќе биде нешто што со внимание ќе го следиме оваа година.

Извор: ArsTechnica, Mashable

Претходна статијаПуштањето на Windows 10 Mobile одложено за идниот месец
Следна статијаGoogle ќе овозможи инсталирање на Android апликации директно од резултатите од пребарување
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.