По грешка објавениот наслов на Windows блогот вчера испадна дека бил објавен само еден ден пред време. Статијата, која вчера не беше објавена, денеска е официјално достапна, а со тоа и потврдата дека Windows 10 Anniversary Update ќе биде достапна од 2-ри август.

Тоа се четири денови по годишнината од официјалната достапност на Windows 10, односно крајот на можноста корисниците бесплатно да го надградат својот Windows 7 или понов систем на најновата верзија.

Дека бесплатната понуда завршува на 29-ти јули Microsoft потврди во најновиот блог, па препорачуваме корисниците кои се’ уште се мислат, да најдат време да ја направат надградбата во наредните месец дена.

Во статијата од компанијата излегоа со нова бројка на Windows 10 корисници, која сега изнесува повеќе од 350 милиони. Сепак, се работи за одличен оперативен систем, кој ќе биде уште подобар од 2-ти август и новините кои ќе бидат вклучени во надградбата.

Инаку, Windows 10 Anniversary Update ги донесува следните новини:

  • Поддршка за екстензии во Microsoft Edge
  • Поддршка за Windows Hello во Microsoft Edge и другите апликации од Windows Store
  • Windows Ink систем за подобро препознавање и работа со електронско пенкало
  • Промени во Старт менито – сите инсталирани апликации сега се прикажуваат веднаш, а иконите за Settings и слични се поставени лево од листата
  • Подобрена сигурност на оперативниот систем, а посебно за деловните корисници
  • Подобрување во работата на Cortana, како и нејзината достапност директно од „заклучениот екран“.

Надградбата ќе биде достапна за сите корисници на Windows 10 бесплатно, а на нашиот портал ќе можете да прочитате за тоа како се прави истата, дали може да очекувате проблеми и слично.

Извор: Windows Blogs, The Verge, ZDNet

Претходна статијаRoam-e е селфи дрон кој ве следи каде и да одите
Следна статијаFacebook повторно ќе ја прилагоди листата со новости со поголем акцент на содржината од вашите пријатели
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.