937886_1_0928-Mars-water.jpg_standard

Според повеќето научници кои го испитуваат „конвенционалниот“ начин да се создаде живот (што значи, кој личи на нашиот), за една планета да го има потребен предуслов е вода во течна агрегатна состојба. Засега Земјата е една од ретките вселенски тела кои се полни со вода која пак помогнала да се создаде живот.

Знаеме дека Марс во минатото имал вода на површината, бидејќи можеме да видиме некои докази за тоа (огромни базени и канали кои веројатно се направени од антички реки). Тоа може да значи дека тогаш имало и некаков рудиментиран жив свет. За жал, со смена на екологијата Марс денес нема течна површинска вода. Тоа барем беше досега ставот на научната заедница.

Од друга страна, со последните фотографии од површината на оваа планета NASA забележа знаци за периодична течна вода, кои само што беа потврдени. Имено, леталото Mars Global Orbiter беше употребено да направи фотографии во 1999 г. и во 2006 г. Потоа научнциите ги споредија сликите и открија мини-кањони каде што поминувала вода.

Со оглед на тоа дека температурата на Марс е во просек околу -50 степени целзиусови, се поставува прашањето како би можела вода да постои во течна состојба. Можниот одговор кој го даваат научниците е дека во периоди кога температурата се стоплува, доаѓа до максимална температура од околу 20 степени целзиусови околу екваторот.

Сепак, има уште едно комплементарно објаснување. Имено, тие сметаат дека водата која се појавува од длабочината (каде можеби е во течна состојба) е толку солена што нејзината точка на топење се намалува многу – доволно за да се претвори во течност, па наскоро да се замрзне пак во некој период.

Пронаоѓањето на вода во течна состојба на Марс може да даде позитивна слика за можниот жив свет таму. За жал, наскоро нема да можеме директно да ги испитаме овие мини-рекички бидејќи ни треба стерилизирано летало за да случајно не се пренесат наши микроорганизми и да се загади марсовиот екосистем (ако постои).

Извор: Engadget, NASA

Претходна статијаSilent Circle ја лансира втората генерација на најбезбедниот телефон Blackphone
Следна статијаЗа прв пат демонстрирана трајна оптичка изменлива меморија