phone_large

Acompli е email апликација достапна за iOS и Android која што до сега има добиено доста добри оценки од корисниците, но и луѓето чие што мислење нешто значи. За првпат беше претставена на iOS во Април оваа година, по што стана достапна за Android во Септември.

Она што ја разликува оваа апликација од другите достапни е интегрирањето на неколку функции во неа, со што се овозможува побрзо работење, посебно од страна на деловните корисници. Апликацијата е поделена на неколку категории како пораки, календар, фајлови и контакти. Се разбира Acompli е направена одлично и од аспект на основната нејзина намена, а тоа е работата со email пораките.

Информацијата дека оваа компанија може да стане дел од Microsoft доаѓа од порталот Betanews. Авторот на овој портал при читање на новостите преку неговата RSS апликација забележал статија на блогот на Microsoft со наслов и содржина blank post, please delete. По отворање на статијата директно на страната од блогот, содржината била иста, но она што стоело во адресата е интересниот дел.

Адресата до која што носел линкот била http://blogs.microsoft.com/blog/2014/11/25/microsoft-acquires-acompli/ која што сега е избришана и само ја дава информацијата дека странат не може да биде најдена.

Авторот на блог статијата пред да биде целосно тргната бил Rajesh Jha кој што е одговорен за Office 365, Outlook и Outlook.com, Exchange во компанијата. Тоа укажува дека логично, доколку навистина дојде до купување на Acompli, таа ќе стане дел од овој сектор во Microsoft.

Купувањето на оваа компанија од страна на Microsoft не би било чуден и неочекуван потег. Компанијата им одлично email решение кое што може да го надополни овој дел од Microsoft кој што е важен дел од бизнисот на оваа компанија, а дефинитивно има простор за подобрување.

Дали се работи за предвремено објавување на нешто што ќе биде официјализирано наредните денови или можеби за откажување на преговорите во последен момент останува да видиме.

Извор: Betanews, ZDNet

Претходна статијаMicrosoft ќе одржи Windows 10 настан на крајот од Јануари 2015
Следна статијаЗа сите спанковци спасот доаѓа од новата компанија Hush
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.