Microsoft-Redmond

Пред десетина дена беше уапсен поранешен вработен во Microsoft поради издавање на деловни тајни поврзани со Windows 8 и други производи од компанијата. Меѓутоа она што најмногу привлече внимание кај јавноста од оваа вест е начинот на кој што Microsoft има собрано докази за случајот. Поточно, тие ги имаат проверено Outlook.com и SkyDrive сметките на вработениот и францускиот блогер со кого тој има комуницирано, предизвикувајќи голем број на негативни реакции и критики. Во период кога приватноста на онлајн податоците на корисниците е предмет на дискусија, а посебно кога Microsoft до пред некое време водеше кампања против Google, наречена Scroogled, преку која што ги напаѓаше за ниското ниво на приватност во Gmail сервисот, критиките беа уште поголеми. Во основа корисниците сметаат дека доколку од компанијата имале информации за криминално дело, прво требало да ги информираат властите, кои што потоа со соодветен налог би овозможиле пребарување на сметките на засегнатите страни.

Условите за користење им овозможуваат на компаниите да пребараат одредени кориснички сметки доколку имаат основано верување дека е загрозена нивната компанија. Вакви права имаат и другите компании, меѓутоа досега никој од нив не бил „фатен“ како го искористува ова право, па негативната кампања отиде во правец на Microsoft, компанија која што и не важеше баш за компанија која што се грижи за приватноста на своите корисници.

Следејќи ја својата нова компаниска политика, како и обид да ја намалат негативноста од случајот, од Microsoft најавија дека ќе направат промена во своите Услови за користење, каде што ќе ја тргнат можноста за пребарување на корисничките сметки во вакви и слични случаи. Според објавата на нивниот блог, тие од сега ќе ги пријавуваат ваквите случаи на властите од кои што ќе се очекува да ги преземат сите правни мерки.

Стапувајќи на сила веднаш, доколку добиеме информација која што покажува дека некој ги користи нашите сервиси за правење на сообраќај со украдени интелектуална или физичка сопственост од Microsoft, ние нема да ја истражиме приватната содржина на корисникот сами. Наместо тоа, ќе ја препратиме работата кон властите доколку понатамошни активности се потребни. – Bred Smith

Извор: TechNet Blog

[related_posts_by_tax title=”Можеби ќе ви се допаднат и следните статии”]

Претходна статијаПронајдете место за дремка со Google Naps
Следна статијаBlackBerry доби судска одлука со која што се забранува продажбата на Typo
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.