man-vs-machineДали машините ќе ни ги земат работните места? Каков е нето-ефектот од технологијата врз вработувањето? Овие прашања се поактуелни од било кога претходно во историјата.  Конечно можеби имаме солидна емпириска основа да дадеме финална пресуда на овие прашања.

Прво, ако историјата ни е некаква водилка, тогаш имаме комоција за оптимизам! Како што вели едно одлично истражување од економисти на The Economist:

имајќи предвид дека „индустријализацијата не заврши со елиминирање на потребата од работници. Напротив, истата создаде доволно можности за вработување за да го акомодира огромното зголемување на населението во 20-ти век. Дополнително, реалните приходи во Британија едвај се удвоија во периодот од почетокот на модерната ера до 1570. Потоа тие се зголемија тројно во периодот од 1570-1875, за да се зголемат повеќе од тројно во периодот од 1875-1975.

Сепак, неодамна Deloitte објави многу посеопфатно истражување за нето-ефектот на технологијата во однос на работните места во последните 140 години (објавен осврт во The Guardian или Cato At Liberty). Накратко, технологијата не само што создаде повеќе работни места него што уништи, туку и новосоздадените работни места се со далеку повисок квалитет (помалку загадуваат, побезбедни се, итн.)! На пример, намален е бројот на работни места во земјоделието и индустријата (а храниме повеќе луѓе, со поквалитетна и поевтина храна), додека има огромно зголемување на вработувањето во медицината, образованието, социјалните услуги, финансиите, итн.

New Picture (1)

61% пад на бројот на смртни случаи при работа (околу 20.500 помалку жртви во една декада и покрај плус 700 милиони нови луѓе)

Ова е и случај во Македонија (иако имаме многу помалку податоци и за пократок период) – развојот на капитализмот едноставно ја менува структурата на економијата. На пример, според податоците подолу превземени од Државниот завод за статистика евидентен е замавот на услужниот сектор наспроти земјоделието и индустријата, кадешто работните места се генерално побезбедни, помалку загадуваат и се подобро платени.

 New Picture

Но не само што технологијата отвори нови работни места во области како медицината, образованието, финансиите и сл. и замени дел од тешките, опасни работни места, туку зголемената продуктивност значеше повеќе пари за „луксузни добра“. На пример, според студијата на Делоит, во периодот од 1951 до 2011 четворократно се зголемил бројот на луѓе кои работат во барови или пак бројот на фризерски салони.:)

Како што пишував и претходно, колку и да изгледа интиутивно дека технологијата е job killer, ниту една земја не осиромашила поради технолошкиот развој – сосема напротив. Ова е поради т.н.„ефекти од втор степен“. Првиот ефект е кога технологијата прави одредена работна позиција излишна; но заштедата на трошоци од автоматизација на одредена задача се пренесува во економијата преку пониски цени, повисоки плати за останатите вработени, повисоки профити, или пак комбинација од сето наведено. Ова пак влијае стимулативно врз целата економија и отвара простор за нови инвестиции и вработувања.

Заклучокот на оваа фантастична студија: „машините ќе превземат многу репетативни и тешки работни задачи, но мислиме дека денес не се ни малку поблиску до елиминирање на потребата од човечкиот труд од било кој претходен период во последните 150 години“. So here you go!Технологијата ни е пријател, таа е, како што се вели во The Guardian, „одлична машина за создавање на нови работни места“!

Претходна статијаROAR – Роботи кои ќе ви ги чистат кантите за ѓубре
Следна статијаiOS 9 достапен за сите корисници