macos-sierra-1

macOS Sierra, кој беше претставен во јуни на WWDC 2016, од оваа недела стана достапен за симнување и надградба за сите корисници, поточно за тие со компатибилен уред. Во главно, сите корисници на Apple компјутер понов од 2009 ќе можат да ја инсталираат најновата верзија од овој оперативен систем.

Корисниците можат да ја направат надградбата преку симнување на посебна апликација од Mac App Store, која потоа ќе го започне процесот на надградба. Апликацијата можете да ја симнете преку следниот линк.

Новата верзија од десктоп оперативниот систем на Apple, донесува две главни новини. Едната е промената на именувањето на системот, односно од оваа верзија ќе биде нарекуван со macOS, наместо досегашното OS X. Додатното име кое ја означува секоја посебна верзија ќе продолжи да се користи, па во оваа тоа е Sierra.

Втората новина, која е повеќе поврзана со функционалноста на системот, е достапноста на Siri, која го заменува досегашното решение за пребарување, Spotlight. Како што би очекувале, Siri на десктоп ќе може преку гласовни команди да изврши голем дел на задачи, без потреба од тоа корисниците сами да го направат. Siri ќе може да пребарува на интернет, ќе може да пребарува датотеки, но и да извршува задачи како вклучување и исклучување на Wi-Fi конекцијата и слично.

Некои од останатите нови функции ги вклучуваат следните:

  • Copy/Paste помеѓу различните уреди, односно десктоп и мобилните
  • Автоматско најавување на системот со Apple Watch
  • Достапност на папките од компјутерот на мобилните уреди преку подобрената работа на iCloud
  • Подобрена Photos апликација
  • Нова Messages апликација како на iOS 10

Извор: Apple

 

Претходна статијаMicrosoft ја тргна Get Windows 10 апликацијата со најновата надградба на постарите системи
Следна статијаMicrosoft патентира читач за отпечатоци вграден во самиот дисплеј
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.