1. Кој е Нино Карас?

Претприемач, ИТ ентузијаст и визионер, софтверски инжинер и тотален перфекционист. Покрај ова, јас сум коосновач и CEO на македонската компанија CodeWell, како и на холандско-македонските стартапи Letz и MarkO.

2. Како започна твојата приказна со стартап светот?

Пасијата за нови технологии и креирањето на корисни решенија  за проблемите беа тие кои не споија мене и Мартин. Тоа беа времиња на смартфон ерата и тогаш го креиравме нашиот прв продукт наречен АвтоБуско. По продажбата на АвтоБуско на T-Mobile на почетокот на студентските денови (20/21 години), се роди идејата да започнеме своја компанија наречена CodeWell.

3. Дали си работел за друга компанија и ако да, како е да работиш за друг, а како за себе?

Досега не сум работел за друга компанија, па таа споредба не би можел да ја направам. Како и да е, водењето на стартап и работење за себе само по себе носи многу предизвици, тешки времиња и лавиринтни одлуки. Сепак, победите се незаменливи.

4. Што е твоја најголема пасија?

Cutting-edge технологиите се мојата вечна пасија.

5. Раскажи ми зa Letz. Од каде инспирацијата за бот, колку време работевте на тоа и како се постигнува прва позиција на Product Hunt?

Инспирацијата за овој бот дојде од нашата лична потреба за еден ваков асистент кој ќе ни помогне да ја максимизираме продуктивноста. Воедно, идејата беше да го избегнеме бришењето на апликацијата по извесно време. Кога почнавме да анализираме, сфативме дека луѓето имаат проблем. Тие забораваат да ги запишат задачите што треба да ги исполнат дента. Оттука, ја создадовме Lucy – бот кој суптилно го потсетува корисникот што треба да направи и што треба да внесе во својата листа на задачи.

Првата позиција на Product Hunt се постигнува со многу поддршка од стартап сцената, локалните медиуми, инфлуенсери на социјални мрежи и сите корисници на Letz. Благодарејќи на нив, се искачивме на врвот и ја зедовме наградата за Бот на Годината.

6. Кои се твоите планови за во иднина?

Во иднина би сакал да го заокружиме успехот со Letz и да го спакуваме во бренд кој ќе биде препознатливост за продуктивност и забава истовремено. Моменталниот успех и поддршка ме мотивира мене, а и целиот Letz тим дека наскоро Letz ќе биде неизоставен дел од животниот стил на секој млад и зафатен човек.

 

Претходна статијаSamsung во 2017 ќе претстави неколку интересни и чудни геџети на CES
Следна статијаGalaxy S8 ќе доаѓа со ултра брзи Snapdragon 835 и Exynos 8895 процесори