Финците го имаат направено најдобриот брендинг на државата со само 30 евра вложени пари.

Владата одобрила: Финците се имаат пошегувано на своја сметка и со саркастични emoji икони имаат направено врвен брендинг на државата.

Наместо традиционален божиќен календар, вработените на порталот на финското Министерство за надворешни работи „ThisisFINLAND“ се имаат одлучено празниците во 2015 година да ги одбележат целосно различно.

Наместо класичните фотографии од убавините на својата земја, под водство на Петра Теман, директорката на јавната дипломатија во Министерството за надворешни работи и главната секретарка на финскиот Промотивен одбор, тие имаат објавено emoji икони од кои секоја претставува необичен обичај, емоција, омилена пцовка, или мит за нивната земја. Смешни, а често и (авто)иронични emoji иконите, ги имаат насмеано Финците, а странците ги запознаа со помалку познатите факти за Финска со што ги имаат срушено некои од силните стереотипи. Симпатичниот дизајн и хуморот на emoji иконите одекнале многу подалеку од Скандинавија. До крајот на годината финските emoji икони станале приказна во 2.000 светски медиуми, на денот на лансирањето на Twitter имале повеќе од 3 милиони прегледи, а и покрај тоа што скоро ништо не е вложено во промоција, кампањата дала резултати во вредност од 3,8 милиони евра.

Што стои зад успехот на една од најдобрите брендинг кампањи на држава и на кој начин е можно да се промени имиџот на една земја, на овогодинешниот Weekend Media Festival ќе говори главната на финскиот супер-проект, Петра Теман.

Како имате дојдено до замислата да единствените обележја на својата земја ги претворите во emoji икони ?

За тоа е заслужен тим од луѓе. Сакавме да го освежиме божиќниот календар кој интернет страната ThisisFINLAND го прави секој декември. Нашата работа во голем дел се сведува на разбирање на трендовите и феномените, па самата замисла отсекогаш била тука некаде, да кажам така.

Обично владите се прилично строги и сериозни, а вашите emoji икони се иронични и хумористични, но сеедно тие имаат добиено зелено светло од финската влада. Како успеавте да ги споите тие две ?

Така што не баравме одобрение ?. А сега сериозно… Тоа е нешто што е дел од нас Финците и брендот на нашата земја: Се во Финска се врти околу ниските хиерархии, на едноставниот и непосреден пристап на се што правиме. Ни беше јасно дека emoji иконите нема да бидат успешни ако не ги вклучиме целата серија на емоции и оние позитивните и оние негативните, како и сите наши предности и слабости.

Која е основата порака која сакавте да ја искомуницирате ?

Дека Финска не е само дигитално писмена, туку веќе и забавна, дека знаеме да се шегуваме на своја сметка.

Како emoji иконите ја имаат претставено вашата земја во светот и колку луѓе до сега ги имаат преземено ? Какви се реакциите во Финска, но и во остатокот од светот ?

Околу тоа ќе ви кажам нешто повеќе на самото предавање. На кратко, постигнавме успех. Пораката има достигнато до повеќе од 250 милиони луѓе, а emoji иконите се „симнати“ неколку стотини илјади пати.

Според ваше мислење, што беше најважно за успехот на вашата кампања?

Искреност. Добар дизајн/избор на теми. Користење на целата мрежа, вклучувајќи ги и амбасадите. Одобрување од самите Финци.

Резултатите од кампањата беа одлични. Моравте ли многу да вложите во нејзината промоција ?

Мислам дека вложивме некои 30 евра. Се беше органски.

Дали со ова ги имате покриено сите обележја на Финска или можеме да очекуваме нова група на икони во блиска иднина ?

Иконите последен пат ги ажуриравме на 9 јуни. Мислам дека тогаш ќе бидеме готови со тоа.

Што се ќе слушнеме од вас на Weekend Media Festival во Ровињ?

Опуштен приказ на се што се случува при брендирањето на некоја земја, „зад сцената“. Покрај тоа, ќе слушнете и нешто за тоа како во нашите умови се раѓаат идеи за различни земји и дали е воопшто можно да се влијае на нив.

Претходна статијаGoogle Play Protect ќе го штити вашиот уред од малициозни апликации
Следна статијаLG Innotek и Clearwin лансираат уред за стерилизирање на држачите за раце на ескалаторите