На настан во Сан Франциско, Instagram вчера ја претстави нивната нова апликација наречена IGTV. Оваа апликација ќе функционира посебно од Instagram, меѓутоа ќе постои поврзаност, односно достапна е посебна икона за отворање на IGTV, а и каналите ќе бидат достапни на профилите на тие што ги имаат креирано.

Во основа, за што точно станува збор, што е IGTV? IGTV е апликација специјално наменета за гледање на видеа од креаторите на Instagram. Видео содржината за разлика од досега на Instagram, ќе може да биде долга до 60 минути, со што може да се очекуваат нов вид и доста поинтересни содржини.

Она по што се разликува IGTV е нејзиниот концепт. Од Instagram сакаат да ја споредат со телевизија, односно начинот на којшто гледаме телевизија. Тоа значи дека апликацијата веднаш почнува со некое видео штом ја вклучиме, па не треба прво да бараме нешто за да може да гледаме.

Дури при стартување на апликацијата направена е интересна анимација во стилот на старите телевизори, односно таканаречениот „снег“ на сликата кога нема сигнал.

Исто така, форматот на видеата е вертикален и е на целиот екран, што значи дека уредот не е замислено да треба да се сврти за да може да се гледа на целиот екран.

Преку апликацијата веднаш се прикажуваат препорачаните видеа, а може да се гледаат и видеа само од каналите кои се следат, како и популарни видеа.

Каналите од IGTV ќе бидат прикажани на Instagram профилот на тие што ги имаат креирано, што значи ќе има тесна поврзаност помеѓу двете апликации.

Видео содржина, односно канал, ќе може да креира секој корисник, па не мора да сте некој познат Instagram „креатор“ за да може да објавувате видеа на оваа нова апликација.

Сепак, на почетокот, времетраењето од 60 минути ќе им биде овозможено на каналите со поголема публика, па ние обичните корисници ќе може да објавуваме содржина до 10 минути, што е и повеќе од доволно.

IGTV веќе е достапна во Play Store и App Store, па можете да ја симнете доколку би сакале да ја пробате.

Симни ја IGTV за Android

Симни ја IGTV за iOS

ИЗВОРInstagram
Претходна статијаРужица Минова – добитник на наградата „ТИГРИТЕ“ од Полската амбасада
Следна статијаInstagram ја достигна бројката од 1 милијарда активни корисници во месецот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.