google-yis-f

Минатата недела можевме да ја видиме топ листата на најмногу симнувани апликации и друга содржина од страна на корисниците на Android преку нивната Play продавница. Се разбира очекувана беше и листата на најчести пребарувања на корисниците на најголемиот пребарувач.

Листата на најчестите пребарувања на Google е поделена во неколку категории, а достапна е и генерална листа за сите пребарувања. Истата може да се гледа и по различна земја, меѓутоа не е достапна нашата.

На глобално ниво, корисниците најмногу имаат пребарувано за починатиот актер Robin Williams. Потоа следи пребарувањето за светското првенство во фудбал, па Ебола вирусот. Најчесто пребаруван термин од областа на технологијата е iPhone 6, по што следат Samsung Galaxy S5, Nexus 6, Moto G и Samsung Note 4.

Целосната топ листа на пребарувањата во 2014 можете да ја погледнете на следниот линк.

Извор: Google

Претходна статијаLAPCAT A2 и SKYLON – супербрзи авиони базирани на интересна „нова“ технологија
Следна статијаWindows 10 Build 9901 прикажан на неофицијално видео
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.