anonymous-login

Сигурно сите сте запознаени со можноста да кога се регистрирате на некоја апликација, наместо креирање на нова сметка користејќи email и лозинка ги искористите вашите Facebook податоци. Со најавување со вашата Facebook сметка се регистрирате и на сервисот од апликацијата, а таа потоа има пристап до одредени информации, како вашето име, презиме, место на живеење и слично, како и можност да постира во ваше име на вашиот „ѕид“. Со овој начин на регистрирање на апликации, кои што обично покрај можноста за користење на Facebook сметката ја нудат и можноста да ја користите и вашата Google сметка, ви се олеснува користењето на нивниот голем број, па се што треба да запомнете се вашите податоци за најавување на Facebook или Google.

login3

Денеска од Facebook на f8 конференцијата најавија дека ја воведуваат можноста за корисниците анонимно да се регистрираат на апликациите користејќи ја нивната Facebook сметка. Тоа значи дека како и досега можете да се регистрирате на некоја апликација со вашите Facebook податоци, меѓутоа нема ништо да биде споделено со неа, односно нема да бидат споделени вашето име, презиме, дата на раѓање и слично. Ова е корисно за ситуациите кога се регистрирате на некоја нова апликација која што се’ уште не знаете дали ќе ви се допадне и ќе продолжите да ја користите, па ќе се регистрирате анонимно и таа нема да добие никаков пристап до вашите информации, како и можност да постира во ваше име. Кога ќе ја пробате апликацијата, ако решите дека сакате да продолжите да ја користите, ја имате можноста да ги споделите вашите информации. Моментално оваа функција е во тест фаза со одредена група на програмери, па ќе помине уште одреден период додека биде пуштена за корисниците.

login1

При регистрирање со вашата Facebook сметка поминувате низ неколку страни на кои што ви е покажано кои информации на апликацијата и се потребни, па треба да го дозволите пристапот до нив. Иако во одредени ситуации имате можност одреден пристап да не го дозволите, кај повеќето апликации, недозволувањето пристап до една работа значи и дека нема да можете да се регистрирате. Оваа функција исто така добива нова верзија, претставена на f8 конференцијата, па сега кога се регистрирате со вашата Facebook сметка, точно ќе можете да изберете кои информации сакате, а кои не сакате да ги споделите со апликацијата. Исто така можете целосно да забраните апликацијата да може да постира во ваше име. Од Facebook најавуваат дека ќе воведат поголема контрола на новите апликации кои што го користат Facebook како начин за регистрирање и најавување.

login4

Сите апликации на кои што се имате најавено користејќи го Facebook се прикажани на посебна листа во прилагодувањата на оваа социјална мрежа. Оваа листа, односно страна добива нов дизајн, полесен начин на контрола на дозволите кои што апликациите ги имаат, како и нивно бришење. Новата Apps страна ќе биде пуштена за корисниците во наредните недели.

Извор: Facebook

Претходна статијаGoogle престанува да ги скенира email пораките на студентските Gmail сметки
Следна статијаИздадена закрпа за сигурносниот пропуст во Internet Explorer
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.