Envoice е нов сервис кој на корисниците им овозможува целосен електронски систем за управување со фактурирањето во нивната компанија. Направен е со цел да му овозможи на корисникот што е можно повеќе корисни алатки и можности, а сето тоа потекнува од личното искуство на развивачите кое е ставено во преден план при развивање на Envoice.

Како што истакнуваат дечките од Emit Knowledge, компанијата зад развојот на Envoice, сервисот е направен после долгогодишно менаџирање на системот на фактурирање преку Excel и слично, нешто што остава голем простор за грешки, неорганизираност, а исто така бара повеќе време.

Envoice како идеја настана од сопствената фрустрација за испраќање на Word/PDF фактури до нашите клиенти. Пред да го изработиме Envoice, имавме три процеси:

Испраќање на фактури до постоечки клиенти;

Испраќање на фактура до нов клиент;

Одржување на листа на фактури и статистики во Excel;

Од таму продолжуваат:

Начелно за постоечките клиенти ја копиравме последната фактура, го менувавме бројчето, датумот на издавање, датумот на доспевање, ставките и сумата. Пред да ја испратиме фактурата до клиентот, проверувавме дали запишаните податоци се точни.

Забележавме дека се појавува тренд на грешки пред испраќање на фактурата до клиентот. Некогаш заборававме да го смениме бројот на фактурата, некогаш датумот на издавање, датумот на доспевање или пак деталите во ставките.

Од друга страна пак оддржување на статистиките и извештаите во Excel беше приказна за сама за себе. Различни валути, клиенти и статуси на фактури. Беше предизвик да се добие добар извештај.

Можеме слободно да потврдиме дека истакнатото искуство е истото со коешто и ние се соочуваме во нашата работа, па се заинтересираме повеќе да видиме што нуди нивниот Envoice систем.

Од тимот исто така истакнуваат која им е целта која сакаат да ја постигнете при користење на нивниот сервис:

Сакаме нашите клиенти со минимален напор да си ја извршуваат својата работа. Фокус на нивниот бизнис наспроти фокус на нашата апликација;

Сакаме нашите клиенти да можат да испратат фактура во помалку од минута;

Сакаме нашите клиенти да можат да ги наплатат своите фактури инстантно преку интернет на нивната Paypal, Payoneer или Stripe сметка;

Повеќе информации за Envoice ќе можете да прочитате во нашата рецензија на системот, којшто ќе го користиме во наредниот период, па ќе ги пренесеме нашето искуство, мислења, пофалби и забелешки.

Инаку, Envoice на корисниците им нуди целосно автоматизирање на процесот на креирање на фактори, нивно испраќање по имејл или печатење, извештаи за платените фактури и најважното, можност за работа со PayPal, Payoneer и Stripe.

Веб страната на Envoice можете да ја видите на следниот линк и да се претплатите за подобро менаџирање на фактурите во вашата компанија.

Претходна статијаПелагонија создадена за авантура
Следна статијаOpera прелистувачот сега доаѓа со вградени Messenger, WhatsApp и Telegram
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.