Прв меѓународен Drupal Camp во Македонија

Напишано на 24.04.2015 - 10:58 од Смартпортал

11103240_480168902131261_1091400040903584483_o

Скопје, 2 – 3 мај 2015 година, Факултет за информатички науки и компјутерски инженеринг (ФИНКИ)

Подигнување на свеста за постоење и полезноста од користење на Drupal платформата, развивање на заедницата, проширување на знаења и презентација на новини за Drupal, размена на искуства и вмрежување. Ова е целта на првиот Drupal Camp Skopje, кој на втори и на трети мај 2015 година, на Факултетот за информатички науки и компјутерски инженеринг (ФИНКИ) во Скопје за прв пат ќе се одржи во земјава.

Организатори на овој дводневен настан се Drupal Community Macedonia и Фондацијата ИДЕА Југоисточна Европа.

На Drupal Camp Skopje, македонските инженери и ентузијасти ќе имаат единствена прилика да научат нешто повеќе за можностите кои ги нуди овој моќен систем за управување со содржина, како и да запознаат и воспостават соработка со нивни колеги од целиот регион.

drupal-1На настанот ќе има интересни содржини, презентирани од локални и од странски говорници, наменети за искусни програмери кои ја користат оваа платформа. Но, ќе има и сесии за почетници кои имаат најосновни познавања од програмирање и најважно, кои што имаат интерес да се запознаат со основите на Drupal платформата.

На кампот како воведни говорници ќе ги презентираат новините за Друпал Jeffrey A. “jam” McGuire– Open Source Evangelist во Acquia и Michael Schmid a.k.a Schnitzel– Head Technology во Amazee Labs.

Целосната програма за кампот може да се најде на овој линк.

Регистрацијата и купување на билети се отворени до 30ти Април. Билетите можат да се купат на овој линк.

Корисни линкови:

Web: http://drupalcamp.mk/

Facebook: DrupalCampMK

Twitter: @DrupalCampMK

За повеќе информации за настанот, Ве молиме да го контактирате:

email: [email protected]

За Авторот