~DB Illustration Template 2.0

На почетокот од овој месец Microsoft и Dropbox го најавија склучувањето на договор за соработка помеѓу овие две компании. Соработката вклучува интеграција на сервисите од компаниите, односно можност за работа со документите во Dropbox од Office апликациите, можност за отворање на Office документите од Dropbox апликациите, споделување на документите зачувани во Dropbox преку Office апликациите, како и изработка на официјална Dropbox апликација за Windows Phone платформата.

Како што беше најавено, од оваа недела корисниците на Dropbox апликацијата на Android и iOS ќе можат директно во апликацијата да ги отвораат нивните Word, Excel и PowerPoint документи. Доколку сакате да промените некој од овие документи, додадено е копчето Промени, односно Edit, кое што ќе ве однесе во соодветната мобилна верзија на Office. Доколку немате инсталирано Office на вашиот уред, притискањето на копчето ќе ве одведе во продавницата за апликации.

iOS-and-Android-version-1

Промената на документите на мобилните уреди и таблет компјутерите треба да биде многу поедноставна и со доволно функции со претставувањето на новите Office апликации. За iOS тие се веќе достапни, а за Android се во фаза на тестирање и се очекува да бидат пуштени идната година.

Интеграцијата на Dropbox со Office е дел од најновата верзија од оваа апликација, па доколку не ја користите треба да ја ажурирате преку соодветната продавница.

Извор: Dropbox

Претходна статијаBitdefender BOX: Кутија која овозможува поголема Интернет сигурност
Следна статијаPuzzlePhone: Уште еден телефон со променливи модули
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.